СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Audi сака да се откаже од моторот со внатрешно согорување за 10-15 години

Најголемиот производител на премиум автомобили во групацијата Volkswagen – компанијата Audi, ќе се обиде да ги отстрани моторите со внатрешно согорување од своите модели не подоцна од 10-15 години и ќе започне да нуди само електрични возила.

Според германскиот неделник WirtschaftsWoche, кој се повикува на свои извори, компанијата со седиште во Инголштад веќе развива план за преминување на електрични автомобили. Поставени се специфични датуми на кои одделни погони на Audi ќе започнат да го запираат производството на автомобили со мотори со внатрешно согорување.

„Заштитата на животната средина и економскиот успех одат рака под рака – ова е новото мото на нашата компанија“, изјави извршниот директор на Audi, Маркус Дуисман.

Според него, другите производители на автомобили работат на слични стратегии, со главна цел сите да бидат целосно подготвени за средината на следната деценија, кога голем дел од земјите на ЕУ ќе се откажат од употребата на возила со мотори со внатрешно согорување.

Поврзани вести

Закерберг донира уште 100 милиони за финансирање на изборите во САД

msp-admin

VW и Microsoft ја прошируваат соработката на софтверот за автономни возила

Влатко Зорба

Студиото кое ја развива Call of Duty Mobile заработи 10 милијарди долари во 2020 година

Влатко Зорба