СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Златна треска – знак дека светот е во неволја

Унца злато (31,1 грама) веќе чини повеќе од 1.900 долари, што е за 30% повеќе отколку за време на превирањата на финансиските пазари во март, кои не ги заобиколи ниту скапоцените метали.

Но, од тогаш, насоката е исклучиво во нагорна линија, што главно се должи на ликвидноста на централните банки и очекување дека ова на крајот ќе доведе до поголема инфлација. И на крај, но не и најмалку важно: потребните приноси на обврзници, кои можат да бидат алтернатива за инвестирање во злато, во некои случаи се дури и негативни, па инвеститорите претпочитаат да купуваат скапоцени метали.

Во последниве денови, растот на пазарот на скапоцени метали (расте и среброто, кое надмина 23 долари), исто така, е под влијание на послаб долар и зголемен број на заразени со коронавирус (рекордни 290.000 низ целиот свет во петокот), што е камен за сопнување за економско закрепнување и зголемување на веројатноста за нов бран на затворање.

Накратко, златната треска сигнализира дека светот е во неволја. Уште во април, Bank of America ја зголеми таргетираната цена на златото во текот на следните 18 месеци на 3.000 долари, пренесува Seebiz.

Поврзани вести

Преговараме за инвестиции од три милијарди евра, тврди Заев

msp-admin

Германија губи 5% од БДП во 2020 година (инфографик)

Влатко Зорба

Совет од сестрата на Цукерберг: Создадете нешто ново, ако пропадне, обвинете ја пандемијата

msp-admin