Стандард
КОМПАНИИ

Најголемиот акционер на „Виз Ер“ ќе продаде акции во вредност од 650 милиони долари

Најголемиот акционер на нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“, приватната акционерска фирма „Индиго Партнерс“, планира да продаде акции од 500 милиони фунти (650 милиони американски долари) преку т.н. „bookbuilding“, се вели во соопштението на „Џеј Пи Морган“, кој е примарен координатор на продажбата, цитиран од „Ројтерс“.

Акционерите на „Индиго“ поседуваат 20,6% од „Виз Ер“ вреден 624 милиони фунти (814 милиони долари) врз основа на цената на акциите во понеделникот. Инвеститорот во нискотарифната авиокомпанија Бил Франке е управувачки партнер и основач на Индиго и е претседател на „Виз Ер“.

Акциите ќе бидат понудени на институционални инвеститори.

Продажбата на берзата доаѓа само неколку дена откако авиокомпанијата ги зголеми своите годишни прогнози за заработка по силниот учинок во третиот квартал, кога го зголеми бројот на патниците.

Европските авиокомпании,кои вршат летови на кратки растојанија, имаат корист од силната побарувачка за летови последниве месеци. Најголемата нискотарифна авиокомпанија „Рајанер“ и втората по големина „ИзиЏет“ ги зголеми своите прогнози во јануари.

Продажбата на акциите на „Индиго“ може да му помогне на „Виз Ер“ да ги почитува правилата на акционерите на ЕУ, откако Велика Британија го напушти блокот.

Повеќе од 50% од сопственоста на авиокомпанијата мора да им припаѓаат на граѓаните на Европската економска заедница (ЕЕЗ) за да функционираат летови во рамките на Унијата. Во спротивно, правата на акционерите кои не се членки на ЕЕЗ мора да бидат ограничени со цел авиокомпаниите да продолжат да работат.

Минатата година, извршниот директор на „Виз ер“, Јозеф Варади, изјави за Ројтерс дека авиокомпанијата мора „да стори одредена работа“ по ова прашање, бидејќи 50% од нејзината сопственост не е во сопственост на државјани што не се во Велика Британија.

Координаторот на продажбата „ЈП Морган“ објави дека акциите на „Индиго“ не се во сопственост на државјаните на земјите од ЕЕЗ врз основа на правилата на ЕУ, а нивната продажба „барем ќе го одржи сегашното ниво во „Виз“ на сопственост на граѓани на земји од ЕЕЗ, но најверојатно ќе се зголеми националната сопственост,што одоговара на правилата“.

„Виз Ер“ објави дека ќе ги разгледа ограничувањата на акционерите што ги воведе во деновите по поставувањето на берзата.

Бројот на обични акции што акционерите на „Индиго“ ќе ги задржат по пласирањето, ќе биде објавен по завршувањето на процесот на нарачката.

Поврзани вести

Словенија, Хрватска и Италија размислуваат за поврзување на пристаништата Копер, Трст и Ријека

Влатко Зорба

Престижна награда за Завар дизајн „German Design Award 2020“ во категоријата Excellent Product Design Energy

msp-admin

Електричен автомобил којшто никогаш не треба да се полни

msp-admin