СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пазарниот удел на 5Г смартфони на Хуавеи ќе се намали годинава

Хуавеи е на прво место на глобалниот пазар на 5Г смартфони со испораки од 79,6 милиони единици (29,2%) минатата година, а зад него се Епл со 52,3 милиони единици (19,2%) и Самсунг Електроникс со 41 милиони единици (15,1%), објави на 1 јануари „Стратеџи Аналитикс“, фирма за истражување на пазарот. Притоа е споменато дека Епл и Самсунг годинава ќе го надминат Хуавеи.

Во 2019 година кога беше претставена 5Г технологијата, уделот на пазарот на Хуавеи и Самсунг беа 37,2, односно 36 проценти. Минатата година Хуавеи сепак ја зголеми разликата со брзото ширење на технологијата во Кина. Епл во меѓувреме го зазеде второто место благодарение на огромната популарност на серијата ајФон 12, нејзините први 5Г смартфони.

Според истата фирма за истражување на пазарот, глобалниот пазар на 5Г смартфони се очекува да достигне 600 милиони единици годинава, што е повеќе од двојно од ланската големина, а пазарниот удел на Епл и Самсунг Електроникс се очекува да биде 29, односно 16,8 проценти.

„Уделот на пазарот на Хуавеи за годинава се проценува дека ќе се намали на 3,4 % по трговските спорови меѓу САД и Кина. Се проценува дека уделите на Виво, Опо и Ксајоми ќе изнесуваат 13,9, односно 12,8 и 11,7 проценти“, велат од „Стратеџи Аналитикс“.

Поврзани вести

АПЕКС со донација од 20.000 евра на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје

msp-admin

Глобалната трговија со храна ќе генерира приходи од 370 милијарди евра до 2022 година

Влатко Зорба

Зошто е подобро да плаќате со кеш и да носите крупни банкноти?

msp-admin