СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шест гиганти за три дена изгубија трилион долари

Шесте најголеми технолошки гиганти изгубија повеќе од трилион (1.000 милијарди) долари од вредноста на акциите само во последните три дена.

Но, ова е само дел од профитот од почетокот на оваа година, со оглед на растот на акциите во претходните месеци.

Apple, кој достигна пазарна вредност од два билиони долари на 19 август, падна за околу 325 милијарди долари во последните три дена.

Microsoft падна за 219 милијарди долари, Amazon за 191 милијарда долари, а Alphabet (Google) загуби 135 милијарди долари.

Вредноста на Тesla се намали за 109 милијарди во последните три дена, a Facebook е во загуба од 89 милијарди долари.

На почетокот на 2020 година, шесте најголеми технолошки компании вредеа околу пет билиони долари. Во средата, на втори септември, тие достигнаа врв од 8,2 билиони долари.

По затворањето на пазарот во вторникот, нивната комбинирана пазарна капитализација беше 7,1 билиони долари.

Иако станува збор за голема загуба од неколку дена, овие шест компании сепак вредат 2,1 трилион долари повеќе отколку на почетокот на годината – и покрај глобалната пандемија на коронавирусот и рекордната загуба на работни места во САД.

Поврзани вести

Луѓе кои треба да ги држите подалеку од бизнисот

msp-admin

Apple Watch продолжува да ја предводи глобалната продажба на паметни часовници

Влатко Зорба

Гејтс: Жените треба да управуваат со парите

msp-admin