СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи се сретна со шпанскиот амбасадор Лоренцо Сера

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Емилио Лоренцо Сера и претставници на канцеларијата за трговско-економска соработка на Кралството Шпанија, со кои разговараше за потенцијалите за економска соработка помеѓу двете земји.

Од Кабинетот на Битиќи истакнаа дека амбасадорот Лоренцо Сера упатил честитки за формирањето на новата Влада, како и за назначувањето на Битиќи на позицијата вицепремиер за економски прашања, посочувајќи дека пријателските односи помеѓу двете земји овозможуваат потенцијал за развој на економската соработка.

– Кралството Шпанија е една од ретките земји со кои Северна Македонија има суфицит во економската соработка. Кралството Шпанија е една од најважните земји и земја пријател на Северна Македонија, која дава континуирана поддршка на нашата земја во остварување на евро-атлантските аспирации, потенцира Битиќи.

Вицепремиерот оценил дека Северна Македонија има исклучително конкурентни услови за привлекување на нови странски инвеститори, како и за поддршка на инвестиции на домашните компании, при што ги претставил можностите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони, поддршката која се овозможува со Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Законот за стратешки инвестиции, а во насока на подигнување на конкурентноста на меѓународните пазари, ќе се стимулира соработката на домашните компании со успешни и светски познати конзорциуми.

– Вицепремиерот нагласи дека во периодот кој следи ќе се работи на Платформа за економски развој, која ќе биде консултирана со сите чинители во економскиот живот, а која ќе овозможи побрз и одржлив економски развој, но и предвидливост и конзистентност за компаниите, нешто што е од клучна важност за секој инвеститор, независно дали станува збор за странска или домашна компанија, посочија од неговиот Кабинет.

Лоренцо Сера и  Битиќи дискутирале за можните сектори во кои би можело да се продлабочи соработката. Градежништвото, особено шпанското искуство во изградба на железнички делници, енергетиката, управувањето со водниот потенцијал и управувањето со отпадни води, се неколку од секторите во кои во годините кои следат, ќе се реализираат големи, пред се инфраструктурни проекти, а на кои се поканети да учествуваат сите компании, по транспарентни, јасни и европски критериуми.

Поврзани вести

„Современ дом“ и „ЗСФ“ со понуда за целосно преземање на „Скопски пазар“

Влатко Зорба

До крајот на мај работниците ќе мора да го искористат стариот одмор

Берта Китинска

„За спас на туристичкиот сектор треба многу повеќе од реализација на ваучерите за туризам преку туристичките агенции“

Влатко Зорба