СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Закерберг се заканува дека ќе ги повлече Фејсбук и Инстаграм од Европа

Ирската комисија за заштита на податоците минатиот месец донесе одлука дека Фејсбук не треба да ги „пренесува“ приватните податоци на своите корисници од Европската унија во САД, туку треба да ги чува на сервери во ЕУ, од страв дека податоците ќе бидат надгледувани од Владата на САД.

Доколку таа одлука навистина се спроведе, последиците за корисниците и бројните компании во Европа би можеле да бидат непредвидливи, објаснуваат од Фејсбук во тужбата што ја поднеле до Високиот суд во Ирска.

Во тужбата поднесена од шефот на Фејсбук за заштита на податоците во Ирска, Ивон Канан, се наведува дека во случај на забрана за пренос на податоци, не е јасно како тие можат да продолжат да обезбедуваат услуги на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ во вакви услови.

На кратко, тоа би значело повлекување на тие две популарни социјални мрежи со повеќе од 400 милиони европски корисници од земјите на ЕУ. Таа особено истакна дека, благодарение на тие мрежи, европските компании оствариле приходи од околу 208 милијарди евра.
Фејсбук исто така потсетува дека многу други американски технолошки компании ги користат истите методи за пренесување податоци на сервери во САД, но дека ирскиот комесар за заштита на личните податоци Хелен Диксон го издвои само Фејсбук и донесе одлука што се однесува само на компанијата на Цукерберг, пренесува Зимо.

Фејсбук подоцна им објасни на медиумите дека објавата за потенцијално повлекување од ЕУ не претставува закана за притисок врз регулаторите за промена на нивната одлука, но истакна дека компанијата се потпира на пренос на податоци помеѓу ЕУ и САД за да работи со своите услуги. Без тој трансфер на податоци, Фејсбук нема да може да им ги нуди своите услуги на корисниците во Европската унија.

Поврзани вести

Како би реагирале доколку имате ноќна средба како оваа? (ВИДЕО)

msp-admin

Се подготвува нова конзола: Qualcomm влегува на гејминг пазарот

Влатко Зорба

Руски „Телеграм“ втора најбарана апликација во САД

Влатко Зорба