СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

ИутеКредит Европа, водечка европска компанија за лични финансии, по унапредувањето на својата позиција на Регулираниот Пазар, е првата компанија од Естонија која влегува во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза. Како дел од Генералниот Стандард, ИутеКредит се обврзува на транспарентност која ќе овозможи бизнис моделот на компанијата да се презентира на што поголем круг инвеститори. Унапредувањето на позицијата на ИутеКредит во рамките на Регулираниот Пазар го означува почетокот на проширувањето на бизнис активностите и е дополнителен извор на капитал.

“ИутеКредит веќе ги надмина очекувањата на Отворениот Пазар пред да биде вклучен во Регулираниот Пазар. Дел од нашиот нордиски менталитет е да се биде одговорен пред инвеститорите, и правејќи го тоа компанијата покажува дека нејзиниот бизнис модел е одржлив дури и во време на криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот. Сега кога ги исполнивме формалните услови за да бидеме видливи за поголем број на интернационални инвеститори со вклучувањето во Регулираниот Пазар, веќе размислуваме за инвестиција во понатамошно проширување на нашите бизнис активности”, изјави Тармо Силд, извршен директор на ИутеКредит Европа.

ИутеКредит е основана во 2008 и е водечка европска компанија за лично финансирање. Преку своите подружници групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити, а користи учество и кредитен капитал. ИутеКредит во моментов ги услужува клиентите на Молдавија, Албанија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

До 31ви Март годинава, 300 лица вклучувајќи го и менаџерскиот тим и ИТ тимот, опслужија 150000 активни кредитни клиенти и работеа со база од 430000 корисници.

Кредитните производи на ИутеКредит се необезбедени потрошувачки кредити со рок на отплата помеѓу 1 и 36 месеци и автомобилски обезбедени кредити со рок на отплата до 60 месеци.

Мисијата на ИутеКредит е да создаде исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите.

Поврзани вести

Работодавачите во Црна Гора против зголемување на минималната плата

Влатко Зорба

Apple казнет со 10 млн. евра, бидејќи нивните телефони не биле водоотпорни

Берта Китинска

Нафтените милијардери го зголемија своето богатство

Влатко Зорба