Илон Маск е се поблизу до целта да испрати брз интернет од вселената до Земјата.
„SpaceX“ успешно лансирала уште 60 „Starlink“ сателити, така што сега има повеќе од 700 во вселената. Маск изјави дека ова е доволен број за јавната бета верзија на супербрзиот интернет.
„Откако овие сателити ќе ги достигнат посакуваните позиции, ќе можеме да лансираме јавна бета верзија во северниот дел на САД и се надевам во јужниот дел на Канада“, напишал Маск на социјалната мрежа Твитер.
Иако тој не кажа точно кога леталото ќе ги достигне тие посакувани позиции, астрофизичарот Џонатан Мекдауел од Смитсонијан за порталот „Арс Техника“ изјавил дека тоа може да се случи дури во февруари 2021 година
Многу ограниченото бета-тестирање на супербрзиот интернет „Starlink“ бил спроведен во Вашингтон во септември, но тој можел да го користат само војската и службите за итни случаи.
Крајната цел на „Starlink“ е околу 42.000 сателити да бидат над Земјата и тие да формираат брз широкопојасен интернет, испраќајќи го на оддалечени локации каде е тешко да се добие покриеност. Според нивната веб-страница, се очекува „скоро комплетно“ глобално покривање до крајот на следната година.