13.8 C
Скопје
15 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

IBM: Престанете да вработувате само на основа на диплома

Поранешната претседателка на IBM, Џини Ромети смета дека најдоброто нешто може работодавачите да го направат за својот бизнис, за работната сила и целото општество е да престанат да вработуваат на основа на четиригодишна факултетска диплома.

Ромети смета дека за 43% од отворените работни позиции во IBM не е потребна факултетска диплома, пишува CNBC.

Таа има 40-годишно работно искуство во IBM и заговара компаниите да ги преиспитаат вработувањата во областа на технологијата, особено во време кога школувањето чини премногу, а различни обуки и курсеви може да бидат достапни за сите. Откако во 2012-та година стана дел од повисокото раководство, како прва жена извршен директор на компанијата, Ромети увидела дека дигиталната ера “иронично, нема да стане инклузивна ера“, без еднаков пристап до технички можности.

Според нејзе, наместо факултетска диплома, работодавачите треба да се фокусираат на три работи. Прво, да ценат нечија склоност кон учење повеќе од неговите вештини, второ, на работниците да им понудат систем за учење врз основа на вештачка интелигенција и како трето, работодавачите мора да бидат потранспарентни во поглед на вештините што им се најмногу потребни од работниците и да ги упатат на соодветни места каде што ќе ги научат.

Поврзани вести

Шефицата на Bet365 со најголема плата во Велика Британија – заработила 323 милиони фунти во 2019 година

msp-admin

Најбогатиот човек во Чешка загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска

Влатко Зорба

Резултатите на JPMorgan се подобри од очекуваните

Влатко Зорба