СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Раст на депозитите и на кредитирањето во септември

Во септември годинава е регистриран раст на вкупните депозити во банките, како и на кредитирањето на граѓаните и на компаниите, соопшти Народната банка.

Вкупните депозити во септември бележат месечен раст од 0,7 отсто. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот „домаќинства” со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор, велат од НБ.

На годишна основа, вкупните депозити забележаа зголемување од 6,1 отсто при раст на депозитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот „домаќинства”.

Месечен и годишен раст од 0,8 односно 7,3 проценти се бележи и кај кредитите. Растот произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора, а поизразено е кај „домаќинствата”.

Поврзани вести

„Сименс” изрази интерес за поголемо присуство во енергетскиот сектор во С.Македонија

Влатко Зорба

Најстариот милијардер има „само“ 101 година и тежи над една милијарда долари

Stefanija Kuzmanovska

Спасовски најави домашна платежна картичка од 9.000 денари за стечајците, пензионерите, невработените