СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

Маск: Треба да создадеме град на Марс пред да се случи Трета светска војна

Основачот на „Space X“, Илон Маск, откри планови за создавање град на Марс кој ќе може да биде целосно самоодржлив и чиј опстанок нема да зависи од Земјата.

Говорејќи на годишната конференција „Mars society“, основачот и извршен директор на „Space X“ соопштил дека веќе се во тек проекти за развој на населби на Марс, но дека тие треба да бидат завршени пред да се случи катаклизма на Земјата.

„Цивилизацијата навистина не изгледа цврста, згора на тоа, изгледа разнишана во моментов. Нашата цел е да создадеме самоодржлив град на Марс. Не база, туку цел град. „Киселинскиот тест“ има за цел да утврди дали Марс ќе исчезне ако луѓето престанат да доаѓаат од Земјата. Ако е така, тоа не би било добра вест“, изјавил Маск.

Тој рекол дека такво сценарио може да се случи од повеќе причини – на пример, ако комета ја погоди Земјата, вулкан еруптира или, дури и ако се случи „нуклеарен Армагедон“ на нашата планета, пренесува Б 92.

„Навистина би можело да се сведе на тоа дали ќе создадеме самоодржлив град на Марс пред или по Трета светска војна. Мислам дека веројатноста дека ќе ја направиме по Третата светска војна, иако се надеваме дека нема, е прилично мала. Треба да го направиме тоа пред каква било потенцијална војна“, нагласил тој.

Маск додал дека станува збор за намалување на егзистенцијалниот ризик за цивилизацијата, а потоа и за „возбудливата иднина“ во која човекот се справува со вселената, пишува „Independent“.

Поврзани вести

Граѓаните со прекин на работен однос во рок од 30 дена треба да поднесат барање за паричен надоместок

Берта Китинска

„Благој Ѓорев“ стави на продажба нефункционални објекти, меѓу нив и Стоковната куќа 26-ти јули

Влатко Зорба

ММФ: Народната банка продолжува со значаен прогрес