СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Осумдесет милиони денари од Владата за обесштетување на граѓаните погодени од невремето лани во Долна Преспа

Од Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

Нагласи дека Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните.

-Во знак на благодарност поради залагањата на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната средба му доделив плакета „Преспански јаболкобер 2020“, истакна Гошаревски.

Градоначалникот на Ресен додаде дека оваа мерка на Владата претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа.

Поврзани вести

Просечната нето плата во октомври била 453 евра, за 8,4 отсто повеќе од истиот месец лани

Берта Китинска

Поскапуваат бензините и дизелот

Берта Китинска

ФИТР станува првата сертифицирана државна институција со Стандард за спречување на корупција

Влатко Зорба