Пандемијата силно ја погоди австриската економија, а следната година се очекува банкрот на скоро 6.000 компании, како и продолжување на трендот на голем број невработени.
Поради коронавирусот, австрискиот јавен долг годинава ќе се зголеми од 70,5 на 84% од БДП, а следната година ќе се зголеми на 84,8%, додека во 2022 година ќе се искачи на нова рекордна вредност од 85%.
Дури 92% од финансиските директори во следните 12 месеци им даваат приоритет на мерките за намалување на трошоците и проширување на дигитализацијата, додека аквизициите или зголемените инвестиции играат мала улога во нивните планови.
Бројот на невработени во Австрија изнесува 413.241, што е за 71.000 повеќе од истиот период минатата година. Инаку, најголем број на невработени е забележан на средината на април.
Министерот за финансии, Гернот Билмел истакна дека најголема неизвесност за развој на економијата е зимскиот туризам. Предупредувањата за патување во Австрија, коишто го изрекоа многу земји, тешко го погодуваат австрискиот туризам.
Истражувањето на економскиот институт Wifo предупредува дека од 2021 година може да дојде до стечај на околу 6.000 фирми.