СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска – Бежоска: Финансиските средства од ММФ ќе помогнат за ублажување на негативните ефекти за нашата економија

„Финансиската поддршка од ММФ, за нас е од исклучително значење, како за спроведување на фискалните мерки, така и за обезбедување натамошен раст на девизниот потенцијал на нашата економија, односно за зголемување на девизните резерви. На овој начин се создава поголем простор за спроведување релаксирана монетарна политика и за обезбедување олеснети финансиски услови за кредитирање на погодените компании и граѓани.“ – изјави гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по повод позитивниот одговор на ММФ на барањето за одобрување финансиска поддршка за нашата земја преку Инструментот за брзо финансирање.

Овој инструмент, како што посочува гувернерката, е значајна алатка којашто овозможува и полесен пристап до други надворешни извори на финансирање, вклучително и до европските.

„Имено, одобрувањето на овој аранжман е и потврда на здравоста на политиките спроведувани од страна на централната банка, коишто резултираа со ценовна и финансиска стабилност, што пак има важна сигнална улога за идна финансиска поддршка.“ – нагласи Ангеловска-Бежоска.

Според гувернерката, финансиските средства од ММФ ќе помогнат за ублажување на негативните ефекти за нашата економија, притоа давајќи дополнителна поддршка и на макроекономската стабилност.

Преку Инструментот за брзо финансирање, ММФ овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства, за економии со здрави фундаменти, погодени од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на ковид-19.

Поврзани вести

„Златната виза“ стана тренд кај милионерите: Црна Гора им нуди посебни услови

Берта Китинска

Македонската банкарска асоцијација препорачува да се внимава кога се читаат информациите поврзани со работењето на банките

Приходите на Huawei нагло се зголемија минатата година и покрај сите скандали и санкции

Stefanija Kuzmanovska