СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Занаетчии ќе добијат 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска ги усвои измените на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво со што се зголемија средствата за поддршка на занаетчиите.

Финансиската поддршка за мерката за набавка на алати и репроматеријали за занаетчиите се зголемени од претходно предвидените 12 милиони денари на 20 милиони денари.

Исто така со измените на Програмата зголемена е и финансиската поддршка по апликант.

Со оваа мерка сега се предвидува надоместување на 60% од трошоците на занаетчиите или максимум 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант.

Претходно беше предвидена финансиска поддршка од максимум 30.000 денари по апликант.

Право на учество ќе имаат занаетчии кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат условите кои ќе бидат дефинирани во Јавниот повик којшто ќе биде објавен во наредните денови по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

Поврзани вести

Магнет за оние кои сакаат лесна заработувачка: Како функционира измамата со клон компании?

Влатко Зорба

Амазон ангажираше 100.000 сезонски работници пред празниците

msp-admin

Маск сакал да ја продаде Тесла на Епл

Никола Поповски