СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Јутјуб брише снимки во кои се тврди наводна изборна кражба во САД

Јутјуб објави дека веќе почнува да ги отстранува оние содржини во кои се тврди дека имало изборна кражба, иако во САД сè уште има правна битка околу резултатите од изборите за претседател на Соединетите држави што се одржаа на 3 ноември.

Вторникот беше означен како краен рок за потврда на изборните резултати во сите американски држави. По тој датум, мора да се направат пребројувања, ревизии и тужби. Претседателот на САД, Доналд Трамп, сè уште смета на голема тужба за поништување на победата на Џо Бајден, но Јутјуб сепак нема да го чека исходот.

„Од денес, ќе започнеме со отстранување на кој било дел од содржината објавена на Јутјуб, во која се наведува заклучокот дека имало кражба на изборите или грешки што го менуваат резултатот од претседателските избори во 2020 година“, соопштуваат од платформата.

Покрај отстранувањето на оваа содржина, се наведува дека Јутјуб дополнително ќе го зголеми опсегот на „авторитетни вести“ и ќе ги потисне дезинформациите. Платформата тоа го прави уште од денот на изборите, кога започна да ги насочува гледачите кон официјални извори на информации, пренесува РТ.

Поврзани вести

Избран победникот на ФинХакатон2

msp-admin

Хрватска Загрепска банка под истрага за перење пари и финансирање на тероризам

msp-admin

Кина планира да пушти 6G мрежа во 2030 година

msp-admin