СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Адора инженеринг“ на Чифлиганец го сели бизнисот во Србија и Грција

Македонската градежна компанија „Адора инженеринг“ го преместува бизнисот во Србија и Грција. Причината, според генералниот директор Ванчо Чифлиганец, е неповолната деловна клима во Северна Македонија.

„Додека не се создаде поволна деловна клима во Македонија, „Адора инженеринг“ ќе работи надвор од границите на земјата“, рече Чифлиганец во интервју за порталот Фактор, додавајќи дека една од причините за преместувањето е неможноста да се гради во скопската општина Центар, каде што имало мораториум за изградба на нови објекти.

Според него, макро развојот на Северна Македонија не е можен без микро или локален развој на општините.

„Нема ништо поважно за македонската економија отколку да работат бизнисмените, бидејќи така се пополнуваат буџетите и на општините и на државите“, рече Чифлиганец, кој се надева дека општина Центар ќе „покаже зрелост“ и дека сите институции, вклучително и општинските власти, ќе ги почитуваат судските одлуки бидејќи Уставниот суд неодамна го укина мораториумот.

„Адора“ веќе има компанија во Србија која во моментов гради елитен станбен и деловен комплекс од 7.000 квадратни метри на Златибор.

Чифлиганец вели дека целиот комплекс ќе работи во форма на хотел, со кој ќе управува новата компанија „Адора Хоспиталити груп“.

Тој исто така откри дека компанијата работи на два проекти во Грција, од кои едниот е на Халкидики. Таму веќе се изградени вили со станови за продажба, а оваа година тој започнува проект на островот Тасос, каде ќе изгради две станбени згради, каде дел од станбената единица ќе биде наменета за изнајмување, а дел ќе биде на продажба.

Поврзани вести

Макпетрол донираше 1.000 таблети во вредност од 6 милиони денари за ученици

Влатко Зорба

Просечната нето плата во ноември 27.588 денари

Влатко Зорба

Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, се вложуваат 190 милиони денари во земјоделското производство

Влатко Зорба