СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Макпетрол донираше 1.000 таблети во вредност од 6 милиони денари за ученици

„Макпетрол“ АД Скопје со донација на таблети во вредност од над 6 милиони денари за учениците во основните училишта.

„Макпетрол“ АД Скопје како општествено одговорна компанија, во време на пандемија кога ни се случува дигитализација на голем дел од секојдневните процеси вложува во најмладите.

Компанијата минатата година набави 1.000 таблети, во вредност од над 6 милиони денари, кои поради работата во услови на пандемија, отежнат транспорт и испорака ги доби оваа недела. Донацијата е наменета за учениците во 20 основни училишта ширум државата. Распределбата на донацијата е извршена во соработка со Министерството за образование и наука, се со цел истата да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Во овој период учениците и нивните семејства соочувајќи се со предизвиците кои ги наметна пандемијата, мораа да се прилагодат на дигиталниот начин на образование, па токму затоа како компанија решивме да го олесниме тој процес на транзиција.

Свесни сме дека нашите најмлади, кај кого е клучот за подобра иднина, заслужуваат да бидат во чекор со модерниот свет, а на нас, возрасните, ни е задача истото да им го овозможиме.
Веруваме дека има моменти во кои воопшто не е потребно многу за да се направи промена, а вложувањето во образованието како еден од најважните столбови на една држава е од големо значење.

„Макпетрол“ АД Скопје ќе продолжи со својата заложба да вложува во општествено одговорни акции, бидејќи веруваме дека големината на една успешна компанија е токму во несебичните постапки кои можат да го подобрат квалитетот на животот на нашите граѓани“, се вели во соопштението на Макпетрол.

„Огромна благодарност за АД “Макпетрол” којашто донираше таблети за 1.000 ученици. Донацијата е предадена директно на општините коишто таблетите ќе ги распределат на училиштата. Продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на услови за континуитет на наставата за секое дете“, сподели министерката за образование, Мила Царовска.

Поврзани вести

Ќе се олесни зголемувањето на износот на регресот за годишен одмор за поддршка на вработени во КОВИД кризата

Влатко Зорба

Бислимоски не очекува зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар

Влатко Зорба

УЈП ги ослободува компаниите од плаќање аконтации за данок на личен доход и добивка

Берта Китинска