СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Вработени на „УНИБанка“ танцуваат на „Jerusalema“ на плоштад Македонија (ВИДЕО)

„УНИБанка“ објави видео на социјалните мрежи, во кое нивни вработени танцуваат пред експозитурата на банката на плоштад „Македонија“.

„Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија. 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции“, стои во описот на видеото.

Споделената снимка веќе наиде на потсмев во јавноста, па така можеа да се прочитаат коментари на Фејсбук од типот на: „Ова доброволно или по службена „должност?“, „Трепнете ако е мобинг“, „Она кога жирантот ќе ја исплати и последната твоја рата“ итн.

Поврзани вести

5 знаци дека треба да дадете отказ во 2021 година

Влатко Зорба

Нова политика на „Amazon“, „Walmart“ и „Target“: Враќаат пари на клиентите, не ги бараат производите назад

Влатко Зорба

Куче наследи 5 милиони долари

Влатко Зорба