Европејците потрошиле вкупно 117 милијарди евра на алкохолни пијалоци во 2019 година, покажуваат податоците на „Евростат“а.
Ова е еднакво на 0,8% од бруто домашниот производ на Европската унија.
Оваа сума не ги вклучува трошоците за алкохолни пијалоци направени во ресторани и хотели.
Трошоците за алкохол, како дел од БДП, се највисоки во балтичките републики – Литванија, Латвија и Естонија, каде што цените на високо квалитетните пијалоци се исто така највисоки.
Во овие три земји учеството на трошоците за алкохол во БДП е 4,8% во Латвија, 4,7% во Естонија и 3,7% во Литванија, соодветно.
Веднаш ги следат Чешка и Полска со по 3,4% од БДП, а во Хрватска, Унгарија и Финска учеството на алкохолни пијалоци достигнува 2,9% од БДП.
Во просек за Европската унија е 1,6%, а истата вредност е регистрирана и во Бугарија.
Грците и Италијанците трошат најмалку на алкохол – 0,9% од БДП. Во Холандија ова учество е 1,1%, а во Шпанија и Австрија е 1,2% и 1,3%, соодветно.
За последната деценија – од 2009 до 2019 година, учеството на алкохолни пијалоци во вкупните трошоци на домаќинствата се намали во 13 земји на Заедницата.
Најголем пад е регистриран во Литванија (со 1,8 процентни поени), проследено со Летонија (-1,5 процентни поени), Бугарија (-1,3 процентни поени) и Естонија (1,1 процентни поени).
Зголемување на учеството на трошоците за алкохол за истиот период е забележано во Романија (за 0,5 процентни поени) и Португалија (за 0,3 процентни поени).