СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

iPhone 12 може да ја прекине работата на некои пејсмејкери

Истражувачите од Henry Ford Heart and Vascular институтот во САД објавија свое истражување во медицинското списание Heart Rhytm за влијанието на новата генерација на iPhone на пејсмејкерите. Овие уреди го стимулираат срцевиот мускул на редовни контракции со помош на електрични импулси, и како такви се подложни на надворешни влијанија, особено на оние од силно магнетно поле. Нивниот подтип е наречен имплантибилен кардиовертер дефибрилатор (ICD) и служи за автоматско запирање на вентрикуларна фибрилација и тахикардија и со тоа спасува животи.

iPhone 12 има вградена кружна низа магнети на грбот кои се користат за поврзување на индукциски полнач MagSafe и други додатоци, како што се заштитни футроли или паричници. Сите ICD имаат, покрај батерии, електронски хардвер и електроди, вградени магнетни прекинувачи кои ги спречуваат да работат. Кога силен надворешен магнет се приближува до овој уред, високонапонската шок-терапија што дава ритам на срцевиот мускул, се исклучува.

Проценките велат дека магнетното поле на магнетниот тек од над 10 гауси (0,001 тесла) е доволно силно за да го активира тој прекинувач и да ја исклучи електростимулацијата на мускулот. Ова би го загрозило животот на лицето кое зависи од овој уред.

Потенцијална опасност

Истражувачите се обидоа да го донесат iPhone 12 на левата страна од градите, односно да го постават во предниот џеб на градите на човек кој има вграден ICD – и забележаа дека присуството на iPhone довело до исклучување на овој витален уред. Сè додека смартфонот беше во тој џеб, пејсмејкерот не работеше, а тестот се повторуваше неколку пати со неколку различни позиции на мобилните телефони во џебот. Секој пат резултатот беше ист, а ефектот на гаснење беше привремен. Кога iPhone е отстранет, уредот продолжуваше да работи нормално.

Научниците заклучуваат дека нивното откритие треба да послужи како предупредување за оние кои носат ICD во себе, за да не го поставуваат iPhone 12 близу нив, бидејќи може привремено да ја оневозможи терапијата што ги одржува во живот. Ова се однесува на целата линија на нови iPhone уреди: iPhone 12, iPhone 12 mini, iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max.

Овој факт е, исто така, достапен на веб-страницата на Apple како предупредување, во кое се наведува дека „iPhone 12 содржи повеќе магнети од претходните модели, но не се очекува да претставува поголем ризик за магнетни пречки во медицинските уреди, отколку претходните модели на iPhone“.

Apple препорачува корисниците да го прашаат својот лекар за какви било можни конфликти со пејсмејкери и други уреди.

Поврзани вести

НЕОБИЧЕН протест на германските фризери: КОЈ ГИ ШИША фудбалерите среде „локдаун“?

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Пјер-Робен синдром

Влатко Зорба

„Nike“ поднесе тужба поради „сатанските патики“

Влатко Зорба