СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

8 совети каков мејл да му пишете на идниот работодавец

Кога испраќате е-пошта до потенцијален работодавец, имате една шанса да го убедите дека сте паметни, компетентни, амбициозни и токму тоа што недостасува на неговата компанија.

Иако многу компании го намалија бројот на вработени во последните месеци, се повеќе од нив полека почнуваат да вработуваат нови луѓе. Ако сакате да го привлечете нивното внимание, важно е да им испратите силна порака.

Звучи комплицирано, но всушност е полесно отколку што изгледа, а еве неколку упатства од „Бизнис инсајдер“.

Напишете јасен наслов на мејлот

Не бидете духовити во насловот на е-поштата, но јасно потенцирајте дека се работи за мејл со кој аплицирате на огласеното работно место. Доколку нема упатства од работодавачот, едноставно напишете „апликација за позиција„ “

Адресирајте ја е-поштата до вистинската личност

Најлошото нешто што можете да направите е да напишете „Драг господине“, или „Почитувана госпоѓо“, бидејќи тоа покажува дека не сте ни прашале кому точно му испраќате е-пошта. Откријте точно кој е одговорен за вработување во одредена компанија и испратете е-пошта до одредена личност.

Кажете како можете да придонесете

Вашата главна публика кога пишувате е-пошта е работодавецот. Затоа, размислете што им нудите и како можете да придонесете, а не обратно. Нагласете во телото на е-поштата што точно можете да направите за компанијата и што знаете за неа.

Покажете страст

Покажете и на компанијата колку сте возбудени од идејата да работите за не. Обработете го ова во првиот дел од е-поштата, така што работодавачот ќе има поинаков впечаток додека чита до крај. Ова ќе ви даде предност во однос на подеднакво обучените други кандидати.

Споменете важни познаници

Ако познавате некој од компанијата каде аплицирате за работа, нагласете го тоа во е-поштата. Може да кажете дека таа личност ве препорачала или барем ви кажала за компанијата и како е да работите во неа.

Не го копирајте CV-то во е-поштата

Не ја копирајте биографијата во телото на е-поштата, но не заборавајте да ја испратите како атачмент или како Google документ.

Опишете ги вашите карактеристики

За работодавците е сè поважно какви се вработените и надвор од основната работа што ја извршуваат. Кажете дека сте флексибилни, лесни за прилагодување и критични. Објаснете дека учите брзо и дека сте подготвени за промени.

Побарајте состанок

Напишете во е-поштата дека саката да се видите што е можно побрзо и да побарате средба лице в лице. Исто така, на работодавците тоа ќе им го покаже нивото на вашата сериозност, а и поинаков впечаток сеостава во живо, па затоа е добро да дојдете до тој дел од интервјуто што е можно побрзо.

Поврзани вести

Најдобрите 20 фудбалски тимови изгубија 2 милијарди евра, Барселона води по приходи

Влатко Зорба

Гејтс: Светот се соочува со 3 нови закани, не сме подготвени за ниедна (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Неврофиброматоза

Влатко Зорба