СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Помалку познати криптовалути кои треба да се следат во 2021 година

Зголемувањето на вредноста на Bitcoin (BTC) доминираше на пазарот на криптовалути во 2020 година, но во 2021 година може да се развијат помалку познати дигитални валути.

Ripple

Ripple е паричка поврзана со XRP, блокчејн рекламиран како платформа за плаќање што овозможува побрзa и децентрализиранa разменa на валути и дознаки во споредба со редовните банкарски трансфери.

Иако Ripple не може да се „копа“ како Bitcoin, некои сметаат дека е остварлива алтернатива на системот за девизни плаќања, особено за мали трансакции.

Ripple исто така забележа нагло зголемување на вредноста во текот на изминатиот месец, искачувајќи се за околу 107% од крајот на ноември на 0,60 долари.

Litecoin

Иако Litecoin го изгуби сјајот по неговото појавување на почетокот на 2010-тата како прв алткоин, сепак ги привлече корисниците кон својата платформа поради побрзиот начин за спроведување на трансакции во споредба со долгогодишната природа на Bitcoin блокчејнот.

Litecoin нуди и поевтина влезна точка за нови инвеститори во крипто-средства отколку поскапиот Bitcoin, бидејќи и покрај зголемувањето за 167% оваа година, сепак се тргува за околу 108 американски долари, помалку од една десетина од сегашната цена на BTC.

Криптовалутата не ја зазема доминантната позиција како што беше порано, сепак, инвеститорите можеби ќе сакаат повторно да ја земат во предвид.

Cosmos

Бидејќи блокчејн технологијата продолжува да го шири својот поларитет, се повеќе се појавуваат проекти за искористување на системот, од кои едниот е Cosmos. Сепак, за разлика од другите алткоини на пазарот, Cosmos има за цел да реши некои прашања во врска со приспособливоста на различните блокчејн платформи и нивната способност за интеракција.

Иако во моментот токенот е на поевтина страна од околу 5 американски долари, Cosmos би можел да доживее бран интерес од инвеститорите доколку успее да ја постигне својата крајна цел за поврзување на синџири на блокчеин, потенцијално отворајќи нови методи за функционирање и интеракција на технологијата.

Bitcoin Cash

И покрај фактот дека името е тесно поврзано со оригиналната криптовалута, Bitcoin Cash не е во корелација со самиот Bitcoin.

Таа не може да се користи за трансакции на оригиналниот блокчеин на Bitcoin и обратно.

Bitcoin Cash нуди поевтина опција за BTC, со моментална вредност при тргување со дигитални валути, по цена од околу 324 долари по парче.

Поврзани вести

Grayscale купува Лајткоин со неверојатно темпо

Влатко Зорба

Сејлор: Златото е мртво, ќе има масовна миграција кон Биткоин (видео)

Влатко Зорба

Coinbase додава поддршка за три нови алткоини

Влатко Зорба