СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

БИТКОИН ПОВТОРНО ВО ПЛУС: Дали ќе се исполнат прогнозите на аналитичарите за март?

Цената на биткоинот продолжува да расте утрово, па затоа во моментов се тргува со најпопуларната криптовалута по цена од околу 58.100 долари. Во текот на изминатите 24 часа, вредноста на биткоинот се зголеми за нешто повеќе од 5 проценти.

Сепак, сегашната цена е сè уште релативно далеку во однос на историскиот рекорд од 61.500 долари.

Во текот на изминатиот ден, цената на криптовалутата се движеше помеѓу 55.500 и 58.300 зелени банкноти.

Така, по неколку дена пад, биткоинот повторно расте, а неговата пазарна капитализација се врати над милијарда долари.

Со оглед на тоа дека има само уште еден ден до крајот на овој месец, се чини дека храбрите предвидувања на некои аналитичари кои предвидоа дека биткоинот може да достигне вредност од 100.000 долари до крајот на март нема да се остварат.

Поврзани вести

Пауел: Криптовалутите остануваат нестабилни чувари на средства

Влатко Зорба

И BlackRock ќе купува биткоин

Влатко Зорба

Биткоинот повторно нагло порасна

Влатко Зорба