СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Оштетени штедачи: Фирмата на Игор Џамбазов земала нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка

„Фирмата Брачна игра дооел, во сопственост и управување на Игор Џамбазов, познат шоумен во нашата држава, е една од фирмите кои земале нeнаплатлив кредит од Еуростандард банка. Според извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма нема платено ниту една рата 469 дена пред затворањето на банката односно од 2019 година. Според билансите на фирмата, во годината кога е земен кредитот, оваа фирма немала ни приходи. Основана е во мај 2016 година, без вработени, со седиште во општина Карпош во Скопје и непаричен влог од 5 илјади евра. Во изминатите години од нејзиното основање, фирмата плива во долгови, со задолженост од околу 120 отсто. Без приходи, со меница како единствено обезбедување за земениот кредит, оваа фирма е сега кандидат за затворање како деловно неактивна“, соопштија од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.

„И овој наш шоумен, Игор Џамбазов, ја искористил својата фирма за да му биде одобрен ненаплатлив кредит, веројатно договорен со некој од раководните лица од Еуростандард банка, за да не го врати. Како е можно да фирмата на овој шоумен добие кредит само на основа на обична меница, а да истата биде презадолжена уште кога е основана, а уште повеќе и без приходи во годината кога и е доделен кредитот!? Даден кредит којшто неможе да се наплати од фирмата поради тоа што нема ни од што.

Очигледно, нашиот шоумен Игор Џамбазов бил свесен дека земал туѓи пари за да не ги врати. Со тоа, тој ја дели одговорноста и со оние во Еуростандард банка кои му го одобриле кредитот под ненаплатливи услови. Затоа, и овој наш шоумен, како и останатите сопственици на 148 фирми од извештајот за банката од стечајниот управник Душко Тодевски, ќе мора да сносат одговорност за нивното помагање и соучество во овој организиран криминал и висока корупција. Вакви и слични криминални стории за Еуростандард банка има многу. Избрани фирми што земале кредити и не платиле ниту една рата со години.

Оваа кражба остави преку 3.000 семејства без нивните лични средства во сред пандемија и тешка економска криза. Сите учесници во овој организиран криминал, меѓу кои е и нашиот шоумен Игор Џамбазов, им нанесоа голема штета на нивните сограѓани и фирми кои ги имаа депонирано личните средства во лиценцирана и контролирана банка или работеле со неа, а кои сега се покрадени од истите тие и парите завршиле во нивните и други џебови. Времето е пред нас за да продолжиме да ги запознаваме пошироката домашна јавност и странските претставништва и амбасади во земјава како и оние во Брисел за организираниот криминал и корупција во случајот со ограбената Еуростандард банка, спроведени на највисоко ниво и толерирани од државата.

На начинот на кој е изведен овој КРИМИНАЛ, од страна на сите инволвирани на чело со Трифун Костовски како и за однесувањето после изложените факти, може да му позавиди и еден од најголемите измамници во финансискиот свет во Америка познат на јавноста како Берни Мадоф, кој исто како нашиот Мадоф (читај Трифун) едно време имаше висока јавна функција. Разликата е во тоа што Берни Мадоф криминалот го стори во држава каде судството функционира и за своите дела доби казна затвор од 150 години, а нашиот Мадоф и неговата екипа и после осум месеци сеуште шетаат слободно и се обидуваат да ја измамат јавноста преку најави за вадење на некакви факти кои сериозно би ја потресле државата, а всушност се работи за факти кои многу веројатно и не постојат“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

Домаќинствата кои имаат помали приходи ќе добиваат поголеми субвенции за струја

Влатко Зорба

Сопствениците на возила со странски таблички ќе потпишуваат изјава

Берта Китинска

Петрески: Економската дипломатија е клучна за домашните извозни компании да се прошират на други пазари

Влатко Зорба