СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Uber значително поскапе

Поради изедначувањето на таксистите и авто-превозниците, кое стапи на сила на 1 јануари, услугата на Uber и слични патнички превозници значително поскапе.

Новиот закон предвидуваше минимални цени за сите превозници, што треба да доведе до пофлексибилни цени, но исто така да спречи нелојална конкуренција со дампинг цени.

Платформите како Bolt или Uber сега треба да наплатат основна такса од 6,60 евра во Виена, што веќе ја удвои цената на Uber за кратки растојанија.

Новиот закон предвидува два вида на формирање на цени – кој ќе застане такси со таксиметар на такси стојалиште или на улица може да влезе без да преговара за цената и да плати на крајот од возењето што е пресметано со таксиметарот.

Сепак, друг начин е да нарачате возило по претходно договорена цена.

Оваа цена не смее да биде поголема на крајот од возењето.

Оваа втора можност, односно претходно договорената паушална цена, ќе важи само од 1 март, а дотогаш возачите на Uber не можат да понудат поевтин превоз како што нудат таксистите.

Новиот закон дозволува собирање на патници, односно споделување на патните трошоци со повеќе патници.

Со вакви возења мора однапред да биде јасно како ќе тече возењето, колку чини по лице, а минималната цена е три евра по лице.

Исто така, од почетокот на оваа година секој што се занимава со превоз на патници мора да поднесе барање за дозвола за такси. Таа дозвола мора да се обновува на секои пет години и потребно е носителот на таа дозвола да знае германски јазик.

Поврзани вести

„ајФон на тркала“ пристигнува во 2024 година и ги решава најголемите проблеми на електричните возила?

msp-admin

Деспотовски: Компаниите што ги финансираме уплатиле назад во буџетот околу 3 милиони евра повеќе отколку целата програма на ФИТР за 2019 година

msp-admin

„Airbnb“ за патувањата во 2021 година: На што можат да се надеваат туристите?

Влатко Зорба