СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Австријците се вооружуваат до заби: Рекордно зголемување на продажбата на оружје за време на епидемијата

Во Австрија минатата година, која беше обележана со пандемија на коронавирусот и сродни мерки, беше забележан рекорд во продажба на оружје.

Според податоците на институтот за истражување на пазарот „Браншенрадар“, купено е 10 проценти повеќе ново оружје отколку во 2019 година, вкупно 71.250 пушки и пиштоли, што е за 6.400 повеќе од претходната година.

Бум имаше и кај употребуваните оружја, каде побарувачката се зголеми за 16 проценти, со 52.300 половни оружја кои ги сменија сопствениците во текот на минатата година.

И со ново и со користено оружје, еден посебен вид оружје беше во тренд, а тоа е ловечките пушки.

„Браншенрадар“ гледа јасни последици од заклучувањето во тие податоци, бидејќи затворањето на продавниците придонесе се повеќе луѓе да одат на лов.

Патем, според Централниот регистар на оружје, до крајот на минатата година во Австрија имало околу 1,15 милиони парчиња оружје.

Поврзани вести

Редовна авио линија меѓу Скопје и Киев

msp-admin

БМВ работеше подобро од очекуваното во првиот квартал

Влатко Зорба

Македонците претпазливо трошат во услови на корона криза

msp-admin