СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бафет со совет како да ја зголемите својата вредност: „Научете да пишувате и да зборувате јасно“

Инвеститорот и милијардер Ворен Бафет има совети за младите: „Фокусирајте се да научите да пишувате и да зборувате јасно“.

„Еден лесен начин да ја удвоите личната вредност е да ги усовршите вашите комуникациски вештини – и писмени и вербални“, рече Бафет во видеото објавено на „Линкедин“.

Видеото е објавено од Мајкл Худ, коосновач на стартапот Voice Flow со седиште во Торонто, што им овозможува на корисниците да дизајнираат, креираат и лансираат вештини за производот на „Amazon“ – „Аlеxа“, без потребните програмски знаења.

„Ако не можете да комуницирате, тоа е како да и намигнувате на девојка во мрак – ништо не се случува. Можете да ја имате целата интелигенција на светот, но мора да бидете во можност да ја изразите и пренесете“, рече Бафет, пренесе CNBC.

„А изразувањето е комуникација“, вели Бафет, чие богатство во моментов е над 86 милијарди долари, според „Форбс“.

Советот што Бафет го даде е „од прва рака“.

„Бев преплашен од јавно говорење кога бев во средно училиште и колеџ“, рече Бафет во видеото на BBC објавено во 2009 година.

„Не можев да го сторам тоа. Мислам, се случуваше и да повратам“.

Кога бил помлад, Бафет присуствувал на курс за јавно обраќање во Дејл Карнеги, организација за развој на професионални вештини основана од американскиот писател и предавач Дејл Карнеги.

Поврзани вести

АПИС: Ќе нема прослава на Нова година во нашите клубови

msp-admin

На повеќе од 500.000 луѓе им се заканува отказ во Романија, кризата допрва ќе се почувствува во 2021 година

msp-admin

Податоците од пазарот на трудот во САД го притиснаа доларот

Влатко Зорба