СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Корона-кризата го зголеми германскиот долг на рекордно ниво

Поради пандемијата на коронавирус, Германија ќе преземе нови, поголеми долгови, од кога и да било порано. Вкупно, настанаа нови долгови во вкупна вредност од 130,5 милијарди евра, соопшти во вторникот Министерството за финансии. Претходниот рекорд беше 44 милијарди евра во 2010 година.

Сепак, новиот долг остана далеку под кредитната линија до 218 милијарди евра одобрена од Бундестагот.

Министерството за финансии го оправда ова со изјава дека економијата не паднала остро, како што се плашеле. Како резултат, даночните приходи се над очекувањата, додека трошењето за бенефиции и социјално осигурување е помало.

„Нашата силна политика за помош работи“, рече министерот за финансии Олаф Шолц, цитиран од Ројтерс. „Инвестиравме многу пари во здравството, во поддршката на економијата и во обезбедувањето вработувања“.

Ова се исплатеше на многу начини. „И покрај пандемијата, ние ги контролираме своите финансии“, додаде Шолц. „Имаме сила да продолжиме да преземаме големи активности против корона-кризата и токму тоа го правиме“.

Сепак, нов рекорд во однос на заемот може да биде срушен и оваа година. Нов долг од 180 милијарди евра е планиран во федералниот буџет за 2021 година.

Само во буџетот се обезбедени скоро 40 милијарди евра помош за деловните субјекти и 35 милијарди евра како резерва за потенцијални трошоци кои сè уште не се измерени во врска со пандемијата.

Затоа, Министерството за финансии е уверено дека парите ќе бидат доволни и покрај планираното проширување на поддршката според третиот пакет помош.

Поврзани вести

Ќе стигне ли Apple до пазарна капитализација од 3 трилиони долари?

Влатко Зорба

Евроазиската економска унија формира заеднички пазар за нафта и гас

Влатко Зорба

5Г технологија носи иновации какви што досега немаме видено

msp-admin