СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бошковска Јанковски: Податоците од Регистарот на вистински сопственици ќе отворат нова слика за македонското стопанство

Во рамки на денешната прес-конференција, директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јановски, посочи дека од денес почнува со работа Регистарот за вистински сопственици, а ја образложи и постапката за поднесување на релевантните информации потребни да се внесат во овој Регистар.

„Го најавуваме почетокот на Регитарот на вистински сопственици, согласно кој Централниот регистар е задолжен да го воспостави и води овој регистар. Ова се мери со европските стандарди и принципи. Ова ќе биде алатка против перењето на пари, и финансирањето на тероризмот. Податоците од регистарот ќе отворат нова слика за македонското стопанство. Обврска ќе биде секое правно лице да го верификува својот вистински сопственик и истиот да го регистрираат податоците во регистарот. Уписите кои ќе бидат внесени во законските рокови ќе бидат бесплатни. Нема да има потреба од документи и скенирања, буквално се ќе се одвива електронски. Ова е најсовремено технолошко решение. Заедно во оваа насока, со финансиско разознавачката служба во изминатата недела спроведовме обука за функционирањето на овој процес“, истакна Бошковска Јанковски.

Поврзани вести

За седум месеци трговскиот дефицит во Црна Гора надмина милијарда евра

Stefanija Kuzmanovska

Бектеши: Ќе предложам нова одлука за посебни услови за трговија на одредени стоки

Презентирани 7 јавни повици за финансиска поддршка на угостителскиот и туристичкиот сектор како дел од Шестиот пакет мерки