СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Што работел Том Брејди пред да стане најдобриот квотербек во историјата?

Том Брејди помина долг пат од дипломирањето на Универзитетот во Мичиген во 1999 година до сегашната 2021 година.

Пред да го освои својот седми Супербоул и да стане најдобриот квотербек во историјата, тој беше надежен натпреварувач, кој не беше сигурен за својата иднина.

Затоа, пред да влезе на Драфтот во 2000 година, тој исто така составил биографија со која ќе аплицира за работа, под услов да не биде избран.

Брејди го објави своето CV на Фејсбук пред некое време, од кое се гледа малку познат факт – работел како практикант во Merrill Lynch, каде бил асистент на главниот брокер. Во помладите години, Брејди работел и на терен за голф.

Том Брејди беше избран под број 199 на НФЛ Драфтот, но тоа не го спречи да ги постигне своите цели. Денес, тој е среќен човек, оженет со една од најубавите жени во светот, со три деца, јаде здраво и сака да инвестира во недвижнини.

Found my old resume! Really thought I was going to need this after the 5th round. #tbt

Posted by Tom Brady on Thursday, September 18, 2014

Поврзани вести

Дали „гасите пожари“ на работа или го правите она што НАВИСТИНА Е ВАЖНО?

Влатко Зорба

Црна Гора: За гости од регионот летово пониски цени за сместувања

Влатко Зорба

Рекламираат воздух: Не се фалат со „all-inclusive“ понуда, туку со систем за вентилација

Влатко Зорба