СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Одморалиште од 1,6 милијарди долари изгледа како „град на духови“: напуштени вили, уапсени инвеститори (ВИДЕО)

Градот-дух во Мисури, кој требаше да стане одморалиште вредно 1,6 милијарди долари, стана вирален последните денови на социјалните мрежи.

Неверојатни снимки покажуваат напуштени големи вили, опкружени со обраснати дрвја во одморалиштето во Брансон – повеќе од една деценија по кризата со домувањето.

Видеото е објавено од корисник на „ТикТок“ и за кратко време доби повеќе од 2,1 милиони лајкови.

– Ова требаше да биде голема заедница од 1,6 милијарди долари. Требаше да има еден од најголемите водни паркови во земјата, терени за голф, конференциски и трговски центри – рече корисникот.

Наместо тоа, рече таа, се претвори во „град на духови“ во 2008 година, кога се случи кризата.

„Пет лица завршија во затвор, а 13 години подоцна куќите сè уште стојат тука“, рече таа.

Инвеститорите сакаа одморалиштето да има марина, хотел со 390 соби, музеј и втор по големина затворен воден парк во светот, објави локалната телевизија во 2017 година.

Сепак, откако луѓето вклучени во проектот завршија во затвор, вклучително и две лица кои лажеа за да добијат заеми, тој никогаш не беше завршен, пренесе „Њујорк пост“.

Видеото се прошири на социјалните мрежи, а луѓето велеа дека е „морничаво“ и како од „кошмар“.

@carriejernigan1

##missouri ##branson ##house ##housetour ##jail

♬ original sound – ✨LAWYER CARRIE✨

Поврзани вести

Гејтс прими втора доза на вакцина и откри дали ќе продолжи да носи маска

Влатко Зорба

Русин го купи најскапиот имот во Флорида за 140 милиони долари

Влатко Зорба

Ова е најдобрата професија – заработката е голема, а дневниот стрес е минимален

Влатко Зорба