СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Дигитален текст на „Њујорк Тајмс“ продаден за 563.000 долари

Колумнист на Њујорк Тајмс во четвртокот продаде еден од своите дигитални написи за 563.000 американски долари, последниот во низата примери на лудост за уникатни дигитални производи што ги грабнуваат колекционерите.

Целта на написот на Кевен Руз со наслов „Купете го овој коментар на блокчејн“ беше да се тестира пазарот и да се утврди каков вид уникатни дигитални записи може да се продаваат како т.н. незаменливи дигитални токени (NFT).

NFT е дигитален „објект“ како што е цртеж, музика, фотографија или автентицирано видео создадено со блокчеин технологијата. Автентичноста зад компјутерските мрежи се смета за непробојна.

Виртуелна ставка, што е всушност компјутерски запис, може да се продаде или размени заедно со потврда за автентичност.

NFT станаа популарни во последните месеци бидејќи богатите колекционери среде пандемијата се свртија кон дигиталниот пазар.

Во понеделникот, првата порака објавена на Твитер се продаде за 2,9 милиони долари, а тоа беше порака од основачот на Твитер, Џек Дорси.

На почетокот на овој месец, дигиталниот колаж на американскиот уметник Beeple се продаде преку аукциската куќа Кристи за 69,3 милиони долари.

На крајот од 24-часовната понуда за напис во NYT, колекционер по име Фарзин го купи за 350 Ethereum, вредни 563.000 американски долари.

Руз објави дека, откако ќе ги покрие трошоците за платформата на Фондацијата на која е продаден текстот, парите ќе бидат пренасочени во добротворни организации поддржани од Њујорк Тајмс.

Поврзани вести

Закерберг најави дека очекува во следните десет години околу 50 отсто од вработените во компанијата да работат од дома

msp-admin

PlayStation 5 ќе добие опција за проширување со SSD ова лето

Влатко Зорба

Google мапите ќе покажуваат добро осветлени улици

msp-admin