СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕУ позајмува 800 милијарди евра за економско закрепнување од Ковид-19

Европската унија се подготвува да позајми 800 милијарди евра до 2026 година за реализација на фонд за закрепнување од економските последици од пандемијата на коронавирус, пренесе турската државна агенција „Анадолија“.

Денес, еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан, ја презентираше стратегијата за финансирање на фондот за закрепнување „Нова генерација на ЕУ“, која беше подготвена со цел да се надмине економската криза предизвикана од глобалната пандемија.

Хан рече дека Европската комисија годишно ќе собира до 150 милијарди евра од пазарот на капитал за да го финансира пакетот за закрепнување.

„Европската комисија ќе користи разновидна стратегија за финансирање за да собере околу 800 милијарди евра по сегашни цени до 2026 година“, рече Хан.

Како што објасни, ресурсите ќе се собираат под поволни услови, по што ќе бидат пренесени на земјите-членки во согласност со плановите за инвестиции и реформи.

Хан рече дека долгот за оваа намена ќе биде отплатен до 2058 година, почнувајќи од 2026 година, истакнувајќи дека тие веќе работат на предлог закон за ова прашање, кој ќе биде објавен до крајот на јуни.

По долги преговори, земјите-членки на ЕУ постигнаа договор во декември минатата година за фонд за закрепнување од 750 милијарди евра.

Поврзани вести

Брегу: Заедничкиот регионален пазар доби широко признание и поддршка

Боинг 737 MАКС полета за прв пат во Европа по низата трагедии во 2019 година

Влатко Зорба

Повик од ЕУ: 164 милиони евра за стартапи и мали и срeдни компании за борба против коронавирусот

msp-admin