СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

YouTube наскоро ОТСТРАНУВА опција што нервира многумина, особено инфлуенсерите!

YouTube во ново ажурирање тестира функција што го отстранува бројот на „недопаѓања“ на видеото.

Тоа е карактеристика што ќе им биде достапна само на ограничен број на корисници, а сè уште не е познато дали ќе добие светска „покриеност“.

Како што соопштија од оваа компанија, главната причина за ваквиот потег е „зголемениот број на насочени „недопаѓања“, со цел да се дискредитираат одредени креатори“, пренесе „Independent“.

Веќе неколку години, YouTube е загрижен за начинот на кој „дислајковите“ може да се користат за да се напаѓаат креаторите, па уште во 2019 година тие рекоа дека може целосно да ја отстранат можноста. Сепак, тоа сè уште не се случило.

Беше нагласено дека креаторите што ќе можат да го отстранат бројот на недопаѓања, сепак ќе можат да видат колку луѓе не го сакале нивното видео, но разликата е во тоа што овие информации нема да бидат достапни за останатите.

Поврзани вести

Google тестира нова опција која ќе им се допадне на корисниците на Instagram и TikTok

msp-admin

Apple можеби подготвува 15 инчен MacBook Air

Влатко Зорба

Маск има мајмун со чип, кој игра видео игри со помош на мозочни импулси

Влатко Зорба