20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Fitbit лансираше паметна нараквица

Fitbit лансираше нова тракер нараквица што служи исклучиво за следење на фитнес-активност и здравје.

Новата паметна нараквица Fitbit Luxe не е паметен часовник, туку исклучиво фитнес / велнес тракер со екран на допир што служи за следење на вашите активности и вашето здравје.

За нараквицата се вели дека е дизајнирана како моден гаџет, додека нејзините сензори се во можност да следат бројни работи поврзани со здравјето на корисникот, вклучувајќи отчукувања на срцето, заситеност на кислород во крвта и менструални циклуси. Се разбира, тој исто така може да ги следи вообичаените активности, како што се бројот на чекори и растојанија поминати за време на трчање, пешачење или возење велосипед.

Иако гаџетот е претежно наменет за жени поради тесниот и тенок дизајн, на понудата има разни ремени кои ќе го направат прифатлив за мажите, па можеме да кажеме дека е „унисекс“.

Цената од 150 долари исто така не делува премногу, а дополнителни бонуси се батерија која ќе ви трае 5 дена без полнење, како и отпорност на вода во комбинација со „режим за пливање“, што ќе ги следи вашите активности додека пливате.

Поврзани вести

Huawei најавува надградба на EMUI верзијата 10.1 на најпопуларните уреди

msp-admin

Премиерата на AirPods Pro 2 и iPhone SE (2021) ќе биде во април

Влатко Зорба

Познати деталите за Huawei Mate 40 Pro пред премиерата во четврток

msp-admin