СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

HarmonyOS официјално пристигнува во април, Huawei Mate X2 го добива прв

Huawei започна со тестирање на третата бета верзија на платформата HarmonyOS на почетокот на овој месец, а уште еден тест е во подготовка. Претстојната верзија ќе биде достапна од 31 март и ќе биде последната бета верзија.

Компанијата сега објави дека стабилна верзија на HarmonyOS ќе биде достапна во април, а флексибилниот телефон Huawei Mate X2 прв ќе го добие ова ажурирање. Телефонот првично беше објавен со Android 10. По овој модел, се очекува и другите уреди да добијат HarmonyOS.

Телефоните Huawei P50 беа планирани први да го користат HarmonyOS уште од лансирањето, но најновите информации сугерираат дека објавувањето на оваа линија уреди е одложено за мај. Ова и дава шанса на платформата HarmonyOS да биде на пазарот некое време, пред да се појави на премиум телефонската линија.

Поврзани вести

По грешка наместо едно нарaчал 27 возила „Тесла Модел 3“, па добил сметка од 1,4 милиони евра

msp-admin

Facebook отстрани 9 милиони објави со говор на омраза

msp-admin

Познато кога ќе биде објавена новата верзија на Windows 10

Влатко Зорба