СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин на најниско ниво во последниве 3 месеци

Биткоинот, најважната криптовалута во светот, денес падна на најниско ниво во последнве три месеци.

Ова се случи откако инвеститорите почнаа да ја продаваат криптовалутата, откако шефот на „Тесла“, Елон Маск, за време на викендот навести дека производителот на автомобили размислува да продаде или веќе продал дел од своите биткоини.

Маск неколку пати ги охрабруваше пазарите на криптовалути со своите ентузијастички изјави на социјалните мрежи, но во последно време тој се „олади“ во врска со биткоинот во корист на „доџкоин“, пишува Ројтерс. Таа промена започна да ги плаши трговците.

„Ова оди од „страв да не бидат изоставени“ до „страв да не излезат на време“, па затоа гледаме дека многу луѓе се ослободуваат од криптовалутите“, изјави за британската агенција Крис Вестон од брокерската куќа „Peperstoun“ во Мелбурн.

Биткоинот денес падна за повеќе од девет проценти на само 42.185 УСД, што е најниска вредност од 8 февруари, додека пак етерот, врзан за блокчејн мрежата етереум, падна уште повеќе – на 3.123,94 долари. Доџкоин ослабе скоро седум проценти, на 0,48 долари, а сите три крипто-валути беа далеку под неодамнешните рекордни највисоки нивоа.

Да потсетиме, Маск во средата објави дека Тесла може да престане да прифаќа биткоин, поради загриженост за природната средина, поради големата потрошувачка на енергија при обработката на трансакциите.

Поврзани вести

Добар почеток: На првиот ден од 2021 година, биткоинот вреди повеќе од 29.000 долари!

Влатко Зорба

„Биткоинот нема вредност, тоа е безвредна илузија“: 10 цитати на Бафет за популарната паричка

Влатко Зорба

FCA: Инвеститорите во Bitcoin може да ги изгубат сите свои пари

Влатко Зорба