Љубов, врски, секс … Кога тие се вмешани, секогаш гледајте кон ѕвездената карта, бидејќи се возбудуваме од оние претставниците на Зодијакот со кои си одговараме, или ќе сфатиме со кои врските ни се осудени на пропаст. Денес во рубриката „Хороскоп“ ќе прочитате за трите хороскопски знаци кои посветуваат поголемо внимание на сексот отколку останатите.
Близнаци
Ако има претставници меѓу хороскопските знаци, за кои фетишите се нешто исклучително важно кога станува збор за сексот, тогаш тоа се Близнаците. Страсни, разновидни во спалната соба, на моменти дури откачени. За жал, нивната желба за секс, често може да се покаже како причина за неуспехот на нивните врски.
Близнаците сакаат да флертуваат и придаваат големо значење на љубовната игра. Се инспирираат од многу различни нешта, како романи, филмови. Ако имате врска со претставниците на овој знак, треба да знаете дека ве очекува возбудлива забава во креветот но треба да им бидете секогаш интересни и никогаш да не здодеете со љубовните милувања.
Сакаат да фантазираат за секс и споделуваат фантазии со партнерот. Внимавајте со Близнаците, не се откажуваат лесно од својот плен.
Рак
Родените во знакот на знак Рак, се едни од најемоционалните, но и исто толку страсни и претставници кои придаваат значење на сексот. За нив еден од најдобрите начини да се достигне близина со партнерот е токму преку добриот секс.
Тие се многу отворени кон експерименти во спалната, не се плашат да ги споделат своите сексуални желби или да експериментираат. Не им е туѓ сексот за една ноќ, групната забава, бидејќи тие се отворени. Доживувањето во спалната е нешто што долго ќе го паметите.
Скорпија
Воопшто не е случајно што токму овој хороскопски знак спаѓа во листата на знаци за кои сексот е повеќе секојдневие. Кога станува збор за страст, романтика, љубов, Скорпиите речиси немаат еднакви на себе. Тие секогаш се водечки во организирањето на романтични изненадувања во додворувањето. Имаат повеќе од еден сексуален фетиш.
Родените во знакот Скорпија имаат неодолива сила на привлекување и силно изразена аура. Затоа, околу нив секогаш има многу додворувачи, а самите тие, со леснотија успеваат да станат објектот на нивните желби, предизвикувајќи ги да играат по нивните правила, дури и во спалната соба.
Ако неодамна сте започнале односи со Скорпија, многу брзо ќе наидете во неговата стапица од страсти. Ве очекуваат ноќни авантури, возбудлив секс. Бидете секогаш неодоливи, тие ќе го ценат тоа, особено претставниците на посилниот пол.