СТАНДАРД life
Балкан микс

„На 38 години јас уште не станав мајка“: Рада Манојловиќ шокираше со својата изјава

Српската фолк и поп пејачка Радмила Рада Манојловиќ сè почесто се осмелува јавно да зборува за нејзиниот љубовен живот.

Пејачката моментално нема маж за сериозна врска, но се надева дека тоа брзо ќе ѝ се случи.

– Да бев поумна досега ќе имав сериозна љубовна врска, ама така требало да биде. Постојано трчам од концерт на концерт, не наоѓам време за мојот приватен живот. Срамота за мене. Па не е животот само во тие пари и во таа популарност. Но бидејќи сум ментално „болна во мозокот“, никако да сфатам дека ми треба некој маж за 24/7 врска. Дека треба да станам мајка! Таа врска сакам да се претвори во доживотен брак, објасни Рада, по малку драматизирајќи ја ситуацијата.

-Сепак во овој момент не размислувам за деца, а ме плаши биолошкиот часовник. Свесна сум дека е ризично да раѓам на моите 38 години, а не знам кое е решението? Често размислувам дека штом не родив на 20 и некоја години, со ова темпо на живот нема да родам ни на 38. Но ете доколку ми е судено, можеби еден ден ќе станам и мајка, рече оптимистички пејачката.

Поврзани вести

📷Бремената свршеница на Милош Биковиќ објави неодолива слика од актерот: Вака ја поминале Новата година

Urednik

Чолиќ ја разнежни својата постара ќерка по повод нејзината голема прослава

Urednik

„Фрајле“ откриваат што се случува зад сцената: Еве за што се работи

Radmila Tasevska