Јаболката се најподатливо овошје за месени пити и колачи. Во зима, со мирис на ванила или цимет се неодоливи.
Состојки:
125 г путер
100 г шеќер
Јајце
250 г брашно
1-2 лажици кисела павлака
Малку прашок за печиво
За подлогата:
700 г јаболка
200 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
Цимет
Сок од 1 лимон
Приготвување:
- Изматете го путерот пенесто, постепено додадете шеќер, цело време матејќи со миксерот, па додадете го јајцето и павлаката, и на крај со лажица сето тоа соединете го во еднолична смеса со брашното и прашокот за печиво. Тестото треба само да се одвојува од садот. Обликувајте кугла, замотајте ја во проѕирна фолија и ставете во фрижидер додека не го подготвите останатото.
- Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки кришки. Во тепсијата во која ќе ја печете питата ставете шеќер и рамномерно распоредете го на дното, потоа распоредете ги јаболката и нив посипете ги со цимет, ванилин-шеќер и испрскајте ги со сок од лимон. Ставете ги на загреана рингла и загревајте додека шеќерот не се стопи и карамелизира. Тргнете од оган и малку оставете да се излади.
- Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го по димензија на тепсијата, со него прекријте ги јаболката, а краевите стиснете го со работ на тепсијата. Питата печете ја на 180 степени околу 20-25 минути. Извадете од рерна и неколку минути држете ја прекриена со кујнска крпа, потоа питата свртете ја на чинија за служење.
- Питата сечете ја како торта и секое парче послужете го украсено со шеќер во прав.