СТАНДАРД life
Шоубиз

Тори Кели итно хоспитализирана – состојбата на пејачката е загрижувачка

Пејачката Тори Кели била во ресторан со пријателите кога почувствувала дека срцето и чука забрзано, по што се онесвестила.

Тори веднаш била пренесена во блиската болница каде е утврдено дека нејзината состојба е критична. Лекарите и откриле згрутчување на крвта во нозете и белите дробови, а моментално се испитува дали има згрутчување и околу срцето.

Претставниците на печатот на оваа пејачка и текстописец не сакаа да коментираат за „PageSix“ за нејзината здравствена состојба.

Да потсетиме, двократната добитничка на „Греми“ се подготвуваше да издаде нов албум, откако го објави синглот „Missin U“. Поминаа три години од нејзиниот последен албум.

Тори Кели беше натпреварувачка во шоуто „Американски идол“.

Поврзани вести

Додека неговата поранешна сопруга се одмара со пријателот, Кевин Костнер ги однел децата во Аспен

Urednik

Натали Портман за нејзината прва улога: „Деца не треба да работат во Холивуд“

Urednik

Мадона прво ја разочара публиката со својот настап, а сега и се заканува казна од 300.000 фунти: Прекрши правило во Лондон

Radmila Tasevska