СТАНДАРД life
Храна

Лесен летен десерт: Печени круши

Во летните денови особено се пожелни задоволствата за разладување и тоа само оние кои вклучуваат овошје. Тие разладуваат, разгалуваат. така што секој рецепт базиран на некое овошје е идеален за топлите денови.

Печените круши се еден од тие десерти.

Состојки:

* 4 зрели круши
* 1/2 чаша стопен путер
* 1 лажица шеќер
* 1 чаша овесна каша
* 1/2 чаша ситно сечкани бадеми
* 1/3 чаша кафеав шеќер
* 1 лажица мелен цимет
* малку сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на максимална температура. Исечете ги крушите на половина и извадете дел од центарот за да се смести овесната каша.

Внатрешноста на крушите премачкајте ги со две лажици растопен путер и посипете ги со шеќер.

Во сад измешајте овес, бадеми, шеќер, цимет и прстофат сол. Истурете го преостанатиот стопен путер во садот и мешајте додека целосно не се соедини.

Филот со лажица се става на половините од крушите.

Печете додека крушите не омекнат, 35 до 40 минути.

Прелијте ги со мала топка сладолед од ванила и послужете ги топли.

На здравје!

Поврзани вести

Популарна состојка е вишокот во вашите матени јајца, сменете ја навиката!

Radmila Tasevska

Вкусни колачиња со какао и бадеми ќе станат омилената закуска на вашето семејство

Urednik

Рижото со печурки, пармезан и вино

Radmila Tasevska