СТАНДАРД life
Здравје

Пијалак што ќе го исчисти вашето тело од токсини

Кога размислуваме за нашето здравје, треба да посветиме поголемо внимание на цревата и на нашиот дигестивен систем. Ако цревата не функционираат правилно, може да се појават голем број медицински проблеми. Затоа е неопходно да се исчисти телото од токсини.

Статистичките податоци покажуваат дека околу 100.000 луѓе секоја година одат на операција на дебелото црево, а тоа главно се должи на фактот што нашите црева содржат токсичен отпад којшто се јавува како резултат на нездравата храна што ја јадеме, која е богата со преработен шеќер и недоволното внесување ензими и влакна.

Доколку сакате да имате здрав стомак и да спречите какви било компликации, препорачуваме да пробате еден природен лек. Овој лек ќе го подобри целокупното здравје и ефикасно ќе го детоксира дебелото црево. Богат е со растителни влакна, хранливи материи и витамини и ќе ви помогне да се ослободите од сите токсини од вашето тело.

Пијалак што ќе го исчисти вашето тело од токсини

Потребни состојки:

1 чаша вода

1 лажичка мед

1 лажичка чија семе

1 лажичка ленено семе

1 јаболко

Начин на подготовка:

Ставете сè во блендер и блендирајте додека сите состојки добро не се соединат. Испијте го овој пијалак на празен стомак и елиминирајте го токсичниот отпад од цревата. Уживајте!

Пијте ја оваа неверојатна мешавина секој ден доколку сакате да исфрлите килограми токсичен отпад од вашите црева.

 

Поврзани вести

„Грицкањето“ меѓу оброците не е секогаш лошо, но треба да внимавате на две работи

Urednik

Од псоријаза до недостаток на железо: веѓите можат да предупредат на здравствени проблеми

Urednik

5 работи што треба да ги направите пред да уживате во утринското кафе

Urednik