СТАНДАРД life
Здравје

Чај од липа како помош при нервоза и настинка

Чајот од цвет од липа се користи традиционално како помош при вознемиреност, респираторни инфекции и дигестивни проблеми.

И навистина, чајот од липа ќе ви помогне да се опуштите на самиот крај на денот. Овој пијалак делува смирувачки на нервниот систем и благодарение на благото седативно дејство се препорачува за ублажување на симптомите на анксиозност и стрес. Помага да се релаксираат мускулите така што може да ја намали и главоболката.

Овој чај, исто така ја подобрува циркулацијата и го стимулира потењето така што се користи и за намалување на покачена температура кај настинки и грип. Помага при лекување на бронхитис, и го смирува иритираното грло и кашлицата која може да се појави поради алергии или сув и ладен воздух. Чајот од липа делува и како деуретик и ја стимулира елиминацијата на акумулираната течност од телото.

Друга причина зошто секогаш би требало да имате чај од липа дома е нејзиниот корисен ефект врз дигестивниот тракт. Овој чај помага при болки во стомакот заради надуеност, гасови, грчеви и дијареја.

Самиот чај се прави така што супена лажица цвет од липа ќе го прелиете со 200 мл. врела вода. Садот затворете го и оставете го да отстои 10 минути. Чајот потоа треба да се процеди и по желба да се заслади. Се препорачува да се пие 2 до 3 чаши чај на ден.

Поврзани вести

Најголемите митови за сончевите изгореници

Radmila Tasevska

Ако сакате да изгубите килограми, избегнувајте ги овие четири додатоци

Radmila Tasevska

Ова се најдобрите намирници за зајакнување на коските

Urednik