СТАНДАРД life
Здравје

Чај од липа како помош при нервоза и настинка

Чајот од цвет од липа се користи традиционално како помош при вознемиреност, респираторни инфекции и дигестивни проблеми.

И навистина, чајот од липа ќе ви помогне да се опуштите на самиот крај на денот. Овој пијалак делува смирувачки на нервниот систем и благодарение на благото седативно дејство се препорачува за ублажување на симптомите на анксиозност и стрес. Помага да се релаксираат мускулите така што може да ја намали и главоболката.

Овој чај, исто така ја подобрува циркулацијата и го стимулира потењето така што се користи и за намалување на покачена температура кај настинки и грип. Помага при лекување на бронхитис, и го смирува иритираното грло и кашлицата која може да се појави поради алергии или сув и ладен воздух. Чајот од липа делува и како деуретик и ја стимулира елиминацијата на акумулираната течност од телото.

Друга причина зошто секогаш би требало да имате чај од липа дома е нејзиниот корисен ефект врз дигестивниот тракт. Овој чај помага при болки во стомакот заради надуеност, гасови, грчеви и дијареја.

Самиот чај се прави така што супена лажица цвет од липа ќе го прелиете со 200 мл. врела вода. Садот затворете го и оставете го да отстои 10 минути. Чајот потоа треба да се процеди и по желба да се заслади. Се препорачува да се пие 2 до 3 чаши чај на ден.

Поврзани вести

Подмладувањето асоцира на хируршки интервенции, но вистината е дека тоа можете да го постигнете со храна!

Urednik

Овој витамин ви е потребен за слабеење

Urednik

Кикириките и оревите штитат од прерана смрт

Radmila Tasevska