СТАНДАРД life
Балкан микс

(ВИДЕО) 2.000 евра за две песни – „кралицата на бакшишот“ повторно руши рекорди

Пејачката Теа Таировиќ со причина ја носи титулата „кралица на бакшишот“, бидејќи ги руши сите рекорди во брзината на добивање купчиња пари за неколку секунди. Теа настапи во Нови Пазар на приватна прослава и се врати дома полна со пари, откако создаде атмосфера за паметење.

Наводно земала 2.000 евра за само две песни, а на видеата кои ги објави јасно се гледа како ја опсипуваат со банкноти кои веќе не може ниту да ги држи во рака.

Атмосферата ја крена со песните „Хајде“ и „Балерина“, а ја „красеа“ со банкноти од 50, 100 и 200 евра, па за неколку секунди „грабна“ околу 2.000.

Популарната пејачка срдечно им се заблагодари на сите кога и дадоа бакшиш, а нема сомнеж дека на присутните им приреди прослава за паметење.

Поврзани вести

Француски „Вог“ ја вклучи Џејла Рамовиќ меѓу најдобро облечените во Венеција

Urednik

Мистеријата со хитот на Жељко Јоксимовиќ: Луѓето бараат од пејачот да им ги реши сомнежите за текстот на неговата позната песна (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

По 10 години соработка, Жељкo Бебек го напушти бендот: Неговата сопруга ја откри позадината на приказната

Urednik