СТАНДАРД life
Балкан микс

(ВИДЕО) 2.000 евра за две песни – „кралицата на бакшишот“ повторно руши рекорди

Пејачката Теа Таировиќ со причина ја носи титулата „кралица на бакшишот“, бидејќи ги руши сите рекорди во брзината на добивање купчиња пари за неколку секунди. Теа настапи во Нови Пазар на приватна прослава и се врати дома полна со пари, откако создаде атмосфера за паметење.

Наводно земала 2.000 евра за само две песни, а на видеата кои ги објави јасно се гледа како ја опсипуваат со банкноти кои веќе не може ниту да ги држи во рака.

Атмосферата ја крена со песните „Хајде“ и „Балерина“, а ја „красеа“ со банкноти од 50, 100 и 200 евра, па за неколку секунди „грабна“ околу 2.000.

Популарната пејачка срдечно им се заблагодари на сите кога и дадоа бакшиш, а нема сомнеж дека на присутните им приреди прослава за паметење.

Поврзани вести

По 10 години соработка, Жељкo Бебек го напушти бендот: Неговата сопруга ја откри позадината на приказната

Urednik

Што се случува во животот на Мелина Џиновиќ по разводот од Харис? Таа банкротираше во Србија, а во Монако..

Urednik

Каков совет и дал за сиромаштијата Мерлин на ќерката на Весна Змијанац?

Urednik