20.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
Балкан микс

По 10 години соработка, Жељкo Бебек го напушти бендот: Неговата сопруга ја откри позадината на приказната

Легендарниот пејач на Бјело Дугме, Жељко Бебек за оваа есен најави голем концерт во „Арена Загреб“ по повод 50 години од неговата кариера, но како што изгледа сега, неговиот стар бенд нема да настапува со него.

Само еден месец пред големиот настап, на Фејсбук се појави веста дека бендот со кој соработувал 10 години го напушта. Во објавата, членовите на бендот им се заблагодарија на Бебек и неговата публика за повеќе од 10 години доверба и соработка, но оттогаш таа е отстранета.

Сепак, „Story“ ја забележа, а сопругата на Бебек – Ружица објасни за што се работи.

„Таа одлука не беше донесена баш сега, тоа трае од порано, само се договоривме да го направиме она што треба да се направи со нив. Вториот бенд е подготвен одамна“, изјави Ружица Бебек за „Story“.

Таа откри и дека нивниот син Звонимир ќе продолжи да соработува со својот татко и со новиот бенд.

Поврзани вести

📸 Северина покажа брутални нозе во жешки шорцеви, има 51 година и изгледа совршено

Radmila Tasevska

Се појави снимка од Лепа Брена од бекстејџ во Арена: Вака се подготвувала за настапот на концертот на Пријовиќ (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Јубилејниот EXIT фестивал со повеќе од 200.000 посетители

Urednik